Oд притвор со одлука на судија од скопска единица денеска ќе излезат Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати политички и бизнис личности кои во последните два месеци по барање на СЈО завршија во затворот “Скопје”, објави порталот Судство.мк.
Причината за ваквата одлука, барем официјално, е тајна, а порталот пишува дека се претпоставува дека зад одлуката се крие политички договор меѓу власта и опозицијата.
Дел од роднините на притворените со кои контактирале ја потврдиле веста и велат дека очекуваат повик кога да ги пречекаат пред затворот.
И адвокатите на притворените велат дека ја чекаат одлуката.
Директорот на затворот Ѓоко Котевски пак, вели дека кај нив се уште не се пристигнати решенија за пуштање од притвор, но и дека е веќе е доцна за да стигнат вечерва, доколку информацијата се покаже како точна.
