ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе барање за оставка на Заев , формирање техничка влада и иницијатива за распуштање на парламентот. Ова го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по седниците на Извршниот и Централниот комитет на партијата.
– Македонија никогаш не била толку поделена, општеството се наоѓа во својата најтешка ситуација, Утре пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе барање веднаш Зоран Заев да си поднесе оставка , техничка влада и иницијатива за распуштање на предвремени парламентарни избори на исти трошок со претседателските избори. Следните неколку дена нека одлучи СДСМ па да видат граѓаните кои бара избори а моли Бога да не ги добие – рече Мицкоски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
– Наше е да предложиме ибори, па нека судат граѓаните. Одиме чекор по чекор, Внимателно ја анализираме ситуацијата. Ситуацијата со Македонија е алармантна, а не да ја одложуваат одлуката и да лажат дека подготвуваме црни сценарија – рече Мицкоски.
Додаде дека времетраењето на техничката влада е јасно и дека нема да попушти пред барањето нејзиниот рок на траење да биде помал.
