Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денеска остварија средба со амбасадорката на САД во С. Македонија, Кејт Мари Брнз.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во C.Македонија. Мицкоски потенцираше дека САД е стратешки партнер на С. Македонија и се заблагодари за помошта која нашата држава ја добива од осамостојувањето до денес.