Мицевски: Победата е на прагот. Потребно е трпение, мудрост, сплотеност и истрајност!

Почитувани соборци, драги сограѓани, горди и достоинствени кривопаланчани!
Дозволете ми од мое лично име и од име на ОО СДСМ Крива Паланка, да Ви се заблагодарам за дадената поддршка на овие парламентарни избори.
Со скоро 5900 добиени гласови и со анулираната разлика од 3200 во 2014 година, на само 600 гласа на овие избори, вие покажавте и докажавте дека барате промени. Покажавте одважност, храброст и достоинство. А тоа се одлики само на големите луѓе како Вас. Вие покажавте дека Крива Паланка бара и заслужува подобар живот. Да се борите со диктатура, партизирани институции, и со финансиски најмоќната партија во Европа е подвиг кој заслужува секаков респект.
ВИЕ сте морални победници.
ВИЕ ја заслужувате слободата.
ВИЕ пишувате историја.
Победата е на прагот. Потребно е трпение, мудрост, сплотеност и истрајност.
ОДИМЕ ДО КРАЈ! ДО ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА!

Фејсбук статус на Борјанчо Мицевски, шеф на Општинскиот изборен штаб на СДСМ во Крива Паланка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e