Замислете сега доколку и овие Албанци би излегле на протести и би се организирале исто така, албански парамилитарни структури на теренот и кога би се судриле тие некаде на некоја крстосница, ние може само да кажеме „Не дај Боже да се случи таква ситуација“. Не мислам дека би било добро за кој било некоја сцена или ситуација во која Албанците би демонстрирале други форми на непослушност. Напротив, мислам дека овој вид на политичка зрелост која не се однесува на политичкитте партии туку свеста на граѓаните Албанци од Македонија, е најдобриот аргумент против сите шовинистички тези, сите националистички тези, целата таа ксенофобија која деновиве ја поддржува и спонзорира ВМРО-ДПМНЕ преку протестите. Албанците не сакаат ни конфронтација, ниту да ја земат државата, ниту да ја федерализираат. Албанциите бараат стабилни институции, мирен трансфер на власта и одење напред во насока на интеграција – рече Мехмети во вчерашното издание на “360 Степени” на Алсат-М.