На екипата на „Медена земја“ не и се насмевна среќата да добие „Оскар“ во некоја од двете категории на 92-та церемонија на престижните награди. „Американска фабрика“ го освои Оскарот за најдобар документарец, а во категоријата најдобар странски филм победи јужнокорејскиот „Паразит“.
Корежисерката на „Американска фабрика“, Џулија Рајхерт им се заблагодари на сите номинирани во оваа категорија, спомнувајќи го и „Медена земја“ и Македонија. Примајќи ја наградата за најдобар странски филм, режисерот Бонг Џон Хо изјави дека поддржува што Академијата внесува новини во категориите, односно што од оваа година категоријата за филм од неанглиско говорно подрачје, стана најдобар странски филм.
Тимот на „Медена земја“ секако е победник. На светот му ја испратиja најмоќната порака и покажаа што знаат и умеат.Ништо друго не е важно во моментов.
Главната протагонистика Атиџе Муратова по завршената церемонија, испрати само една порака, како што таа споделува со нејзините пчели, така и луѓето да споделуваат едни со други.
‒ Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други, рече Атиџе .