Во селото Смолари во општина Ново Село-Струмица, некогаш живееле 659 жители, а сега само селото брои само 250. Оние кои останале, велат дека како одминува времето, се поголем број на куќи остануваат празни. Велат, главната причина поради која младите заминуваат од родното место се невработеноста и недостаток на перспектива за нормален живот, објави ТВ 21.
Драстичното намалување на бројот на жители, влијаело и врз намалување на бројот на децата во училиштето.
25 – годишниот Марко Цветков од Скопје, ни раскажа за причините поради кои заминал од Македонија.
Тој вели дека нема намера да се врати во Македонија во следните 40 години, бидејќи според него, во нашата држава нема никаква иднина за новите генерации.
Според социологот Али Пајазити, иселувањето на младите во последниве години добило загрижувачки размери. Вели дека од Македонија заминуваат и квалитетни кадри со високо образование.
Поранешниот директор на Државниот завод за статистика Дончо Герасимовски, потврди дека многу села се речиси празни.
Иако не постојат официјални податоци за тоа колку граѓани ја напуштиле земјата, Светска банка излезе со извештај дека до крајот на 2013 година од Македонија заминале над 600 илјади граѓани.