Манчевски: Работиме на обезбедување мнозинство и веднаш формирање Влада

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека се уште немало средба помеѓу Заев и Ахмети, но дека работеле на обезбедување мнозинство и формирање нова Валда.

Немаме никакви нови информации од тоа што вчера партијата го соопшти.

П: Од ДУИ рекоа дека не се сретнале Заев и Ахмети лично, точно ли е?
Нема средба се уште, нова средба нема.

П: Дали ДУИ го побарало местото премиер?

Не. Сите тие информации се во рамки на шпекулации, апсолутно нема никакви нови детели од она што вчера беше соопштено.

П: Што бара конкретно ДУИ?

Се уште немаме детали којшто би ги споделиле со јавноста.

П: Контакти меѓу партиите има?
Да, контакти има на друго ниво, лидерите точно е дека се немаат сретнато, освен јавната средба за којашто јавноста беше информирана.

П: Значи, сеуште немате обезбедено 61 пратеник?
Процесот е во тек, работиме на нивно обезбедување и веднаш на формирање на новата влада и јавноста ќе биде веднаш информирана кога ќе има некој нови моменти во однос на ова прашање.

П: Како ги коментирате смените во МВР кој се како дел од Пржинскиот договор, меѓутоа сега пред формирање на влада?
Добро, видете тоа е дел од Пржинскиот договор, апсолутно СДСМ како партија се држи секогаш до договореното така што не би имале некаков посебен коментар околу тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e