Манчевски: Политиката надвор од спортот

Mинистерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, им порача на ракометарите од македонската репрезентација да ја тргнат политиката надвор од спортот, откако дел од нив ја прокоментираа уставната промена на името.

„Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби“, напиша министерот на Твитер.

 

Коментарот на Манчевски следи откако репрезентативците Борко Ристовски и Стојанче Стоилов, секој на свој начин, со статус или гестикулација, ги искажаа своите ставови за промената на името.
Додека се интонираше македонската химна на вчерашниот натпревар со Бахреин, Ристоски гестикулираше со дланката симбол кој означува „обединета Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e