Прес конференција,
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
Скопје, 24.10.2016
Денес сме тука да зборуваме за квалитетот на воздухот во Македонија. Ова е многу важна тема и сериозен проблем кој директно влијае на нашето здравје и на здравјето на нашите деца.
Наместо краткoрочни и ненавремени мерки, потребен е сериозен пристап во решавање на овој проблем.
Токму затоа во Планот за Македонија имаме предвидено сет на мерки за намалување на загадувањето на воздухот.
По промените на 11 декември, ќе го вратиме зеленилото во градските средини преку зголемување на задолжителниот процент на зеленило во Законот за просторното и урбанистичкото планирање.
Гасификацијата на Скопје е наш стратешки проект, со тоа ќе се намали и загадувањето на воздухот, затоа што голем дел од домаќинствата ќе се префрлат да се грејат на гас.
Во сообраќајот ќе промовираме употреба на гасни горива од типот природен гас и пропан-бутан. Ќе го стимулираме јавниот и организираниот превоз во градските средини и во поголемите компании. Во индустријата, ќе обезбедиме нови поволни кредити за замена на еколошки застарени технолошки линии за производство и инсталација со ефикасни системи за намалување на загадувањето на воздухот.
Но, прв и најважен чекор за намалување на загадувањето е смената на власта. Само нова и одговорна власт може да го намали загадувањето на воздухот. Само нова и одговорна власт може да го подобри квалитетот на животот на граѓаните.