Манчевски: Да се организираат обуки во училиштата за однесување при земјотрес

Прес конференција
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ

Скопје деновиве е погодено од серија земјотреси и загриженоста кај граѓаните е оправдана. Земјотресите се природни појави чие што време на случување не може да се предвиди, но, во трусни подрачја како Скопје може да претпостави.

Институциите мора подготвени да ги дочекаат. Ова особено важи за училиштата, каде што денот го поминува најскапоценото што го имаме во земјава – нашите деца. Најголем хаос владее во образовнието. Училиштата немаат никакви насоки и се оставени сами на себе, стихијно да носат одлуки што ќе прават со наставата. Некои држат настава, некои ги враќаат учениците дома, а има и такви во коишто една смена има нормална настава, а во друга смена нема никаква настава.

Бараме сите надлежни институции да излезат на терен и да направат проверка на безбедноста на сите училишта по серијата земјотреси. Доколку постојат оштетувања и загрозување на безбедноста, како што има информации по медиумите, веднаш најтранспарентно да се извести за тоа.

Бараме итно, таму каде што е безбедно да има настава, да се организираат итно обуки и за наставниот кадар и за учениците како да се однесуваат во случај на нови потреси.

Неопходно е да се спроведат брзи обуки на сите нивоа.

Ако стручњаците тврдат дека најголема опасност од земјотреси со среден интензитет е паниката, а паниката најчесто произлегува од незнаење и неинформираност, тогаш не смееме да дозволиме да ни се случи да завладеат страв и паника, а најмалку во училиштата.

Одговори на новинарски прашања:

Медиуми: Веќе трети ден како траат земјотресите во Скопје, еве конкретно зборуваме за образованието…

Манчевски: Како што веќе кажав, најголем фактор на ризик во вакви ситуации е паниката. Институциите на системот се тие кои што мора да ја смират паниката помеѓу граѓаните. Затоа ни се потребни и јавни настапи на надлежните институции во кои што ќе ги смират граѓаните, затоа што и самите сте сведоци, најголем дел од повредените се заради паника, не се заради срушени објекти. Затоа мораат институциите јавно да се обратат на граѓаните да кажат и да добијат конкретни планови што да се прави при вакви ситуации, и ризикот ќе се намали и ќе немаме толку повредени.

Медиуми: Имате ли информација во кои училишта се повлекуваат децата, родителите не ги пуштаат на настава, дали се одвива наставата, или како што рековте во прва смена одат, во втора не одат, за кои училишта станува збор?

Манчевски: Различен е случајот насекаде. Токму затоа што не постои системски начин на делување, директорите на училиштата, па дури и самите наставници, различно реагираат во различни ситуации. Не би сакал да наведувам конкретни примери затоа што навистина не се виновни самите училишта кои не добиле никакви посебни насоки што да прават во вакви ситуации. Јас памтам кога бев во училиште, имаше вежби, имаше обуки што да правиме во вакви ситуации. Долги години веќе тоа во Македонија го нема, а е редовна пракса во сите европски држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e