Македонски и српски служби ќе утврдуваат присуство на разузнавачи во Собранието на 27 април

Македонската и српската тајна служба ќе утврдуваат што барал српскиот разузнавач, Горан Живаљевиќ во Собранието на 27 април, кога насилници тепаа пратеници. Зоран Заев по средбата со премиерите од Западен Балкан во Брисел, порача дека со српскиот претседател, Александар Вучиќ не зборувале конкретно за улогата на Живељевиќ. Се надева дека службите ќе дадат одговор која била неговата улога на крвавиот 27 април, пишува Алсат М.

„Не зборувавме за некои си преставници на разузнавачки служби. Јас верувам дека институциите на двете земји, а тоа се нашата тајна служба и српската тајна служба ќе изнајдат решение на ваквото прашање. Тоа што се покажа преку медиумите е видливо за сите. Зборувавме за перспективи, зборувавме за потребата регионот повеќе да соработува, Македонија и Србија повеќе да соработуваат“, рече Заев.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ до сега не слушнал дека Живаљевиќ сторил кривично дело или органирал некој насилно да влезе во Собранието на 27 април. Напарави парлела дека македонски државјани учествувале на протестите против него во Белград, без да каже дали се тие дел од македонските тајни служби.

„Имам повеќе лица кои би можел веданаш да ви ги посочам, од Зендери до Чачановски од Скопје, кои беа во Белград на демонстрации против мене. Па што. Тие не сторија кривично дело, не направија ништо, никаков проблем“, рече Вучиќ.

На официјалниот веб сајт на српската амбасада стои името на Горан Живаљевиќ. Тој е дел од седумте луѓе во кабинетот на амбасадорот и има работен опис, советник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e