Вработените од Македонска пошта се испратени на принуден одмор. Одлуката е донесена откако тие се смрзнуваа на работното место поради тоа што институцијата нема парно греење, дознава А1он.
– Тоа не се случува само оваа година, истото се случува години наназад, но никој не презема ништо, велат вработени од Македонска пошта за А1он.
Од Македонска пошта ја потврдија информацијата. Велат, денеска немало никој на работа.
– Јавете се утре, денеска нема никој бидејќи нема парно, рекоа од поштата.
Извор: А1он.