Македонија во петок ќе добие нова влада, предвремени избори на 11 декември

Партиите потписнички на Пржинскиот договор, се обврзаа во петок на 2 септември да изберат влада која ќе ги организира изборите на 11 декември.

Истиот ден со работа треба да почнат и главната уредничка на информативната редакција на МТВ, Санта Аргирова, и ад хок телото за надзор на медиумите во предизборниот период, чиј петти член ќе биде новинарот Љуљзим Хазири.

Лидерите на партиите, „се обврзуваат на демократска и фер изборна кампања, без насилство, заплашувања и да ја осудат употребата на јазик или какво било друго дејство што може да предизвика насилство или заплашување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e