Македонија: Tоп реформаторот рекордер во иселување

Ниту странски инвеститори ниту успешни рангирања: ништо не го запира трендот на иселување, кој напротив – се засилува! Младите се депримирани, експертите загрижени! – пишува Дојче Веле.

Symbolbild Familie Koffer Reise Auswanderer Immigranten (Fotolia/Peter Atkins)

„Сакам да останам дома и тука да успеам, но верувајте веќе и јас, вечниот оптимист, губам надеж и размислувам да заминам!“

Овие зборови на Деа Здравковска, успешна студентка од Скопје, навидум ведра и весела, млад човек со богат социјален живот и исполнето секојдневие отсликува пред колку сериозен предизвик е исправена Македонија! Ги финишира студиите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, но приватно и професионално се гледа некаде далеку, во Европа или преку океанот. „Трагедијата“ е што во желбата и плановите не е осамена, туку напротив, дел е од вистинска армија и тоа не само млади луѓе кои планираат да се иселат од Македонија. Одливот на мозоци е одамна започнат, но последниве години се чини кулминира и тоа во сериозни димензии. Ниту статистика ниту студии веќе не се потребни за да се дознае реалноста, која за жал е поразителна:

„Економската реалност е едната страна на проблемот, која и политичка партија да е на власт, таа ќе влијае. Но јас лично сметам дека она што навистина влијае и тоа многу, како ти како индивидуа си прифатен во ова општество. Твојата совест, твоите постапки, твоите иницијативи. Младите генерално се осудувани за што и да прават во државата. Дали да помогнат или да одмогнат и мислам дека тоа ги кочи да останат тука. Едноставно сѐ ова што ни се случува периодов ги тера да заминат некаде далеку, каде нивниот труд и знаење навистина ќе се цени“, реагира Деа.

Дополнителен проблем во бесперспективноста е и ограничениот и слабо платен пазар на труд, во кој за квалитетните, но обични „смртници“ тешко се наоѓа место:

„Тешко се доаѓа до работа ако не си партиски подобен. Но тоа ли треба да ни биде иднината и мотивот, да бидеме партиски војници, или треба да сме успешни професионалци? Трагедија е што политиката буквално нѐ зароби сите, дури и нас, младите. Погледнете само што се случува околу пленумите и ќе ви стане јасно. Партијата доминира насекаде. А каде сме ние што не сакаме да бидеме во партија? Затоа верувајте, подобра е опцијата да се направи подобра и поздрава фамилија надвор отколку тука“, уверена е Деа. Таа додава:

„Најголем дел од студентите заминуваат поради проблемите со високото образование но и бесперспективноста. Партијата доминира на секое ниво. Дури и меѓу нас, студентите. Погледнете само што се случува со пленумите и ќе ви стане јасно. Секоја иницијатива на кој било млад човек буквално се убива. Да не зборувам дека нашиот глас не го слуша никој, дури ниту институциите со кои нема комуникација, каде и да се обратиш си буквално блокиран. Затоа и не ме чуди што секој се решава да направи подобра и поздрава иднина таму некаде надвор.“

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e