Колку средства потроши Македонија од ЕУ и од САД во изминатите две децении и како ќе беше можно осамостојувањето на земјава без тие фондови, ова е предмет на новата видео анализа на НОВАТВ. Од заштита на културното наследство и образование, преку инвестиции во здравството, одбраната, автопатите до реформи во правосудството – Македонија потрошила околу пет милијарди евра пари на ЕУ и САД.
Без тие два извора во тоа време немаше шанси да издржиме бидејќи ниту бевме солвентни да земаме кредити, ниту можевме да ги враќаме, вели политичарот Стојан Андов.