Како што извести веб порталот ,,Фаланга” во Шопинг центарот во Епинг каде секојдневно се збираат на кафе сите Македонци бадијалџии и пензионери и секојдневно бистрат политика и поголеми политичари се и од политичарите секојдневните караници и расправии се заменале со тупаници.
Хероите на денот кој вербално почнале меѓусебе да се напаѓаат биле Стево Ѓ. и Цане Б (Мариовецот). Иако обезбедувањето малку ја смирило ситуацијата сепак не било доволно па интерверилала Викториската полиција.
Кавгата избегала од контрола кога почнале расправиите за претседателот Ѓорѓе Иванов кој со неговите контроверзни одлуки разбрани голем дел од јавноста околу тоа чиви интереси штити.