Шекеринска: Лабуништа и струшко испраќаат порака – заедништвото е поголемо од поделбите

Изјава за медиуми,
Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5
Лабуништа, 25.11.2016

“Денеска сме во Струга и во струшко. И навистина не радува големата поддршка која ја добиваме и овде, во Лабуништа.

Сите граѓани, низ цела Македонија, низ цела Изборна единица 5 ја праќаат истата порака. Дека сакаат општество во кое сите сме еднакви, во коешто државата е солидарна и хумана кон сите луѓе, и во коешто заедништвото е поголемо од поделбите.

Видовме каде не носи политиката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Поделби, омраза, кавги, додека тие многу сложно и многу братски си ги делат тендерите и бизнисите.

Ние ставаме точка на таквата политика. Ќе градиме држава во која секој е важен. Во која секој граѓанин на Република Македонија, без разлика на етничката, верска или политичка припадност, ќе ги ужива сите права и ќе има шанса да гради живот овде, во Македонија.

И Лабуништа и струшко и цела Македонија, гледа како младите заминуваат од државата. Цели региони и цели села се прехрануваат со парите коишто ги добиваат од нашите иселеници.

Ние имаме план како да направиме животот да е подобар во Република Македонија.

Имаме план со кој ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да создаваат нови работни места, и за да обезбедуваат повисоки плати.

На тој начин платите, стандардот ќе расте, на тој начин ќе растат и пензиите, и на тој начин и младите и возрасните ќе одлучат да останат овде а не да заминуваат.

Имаме План за живот во Македонија, а по 11 декември заедно ќе го реализираме”, вели Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e