ЛП го поздравува доделувањето на мандатот на Зоран Заев

Либералната партија го поздравува доделувањето на мандатот на Зоран Заев како кандидат за премиер од парламентарното мнозинство, и очекува брзо и ефикасно формирање на новата влада.

„Целокупната демократска јавност во Македонија и нашите пријатели во меѓународната заедница очекуваат длабоки реформи и вистинска пресметка со криминалот и корупцијата во сите пори на општеството. Владеењето на правото, економскиот прогрес и политичката стабилност, како приоритети за граѓаните, ќе ги забрзаат интеграциите во ЕУ и НАТО“, соопштуваат од ЛП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e