Лососи, бифтеци, алкохол и цигари на државна сметка

Лосос, бифтек, цигари и алкохол нарачувал поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски на државна сметка, додека бил на функцијата. Сметките што на негово име, плаќани преку фактура, биле направени во периодот од април до декември 2016 година, изнесувале околу 150 илјади денари или 2,5 илјади евра.

БИРН, преку Законот за слободен пристап до информации ги доби сметките за угостителски услуги што ги користеле екс министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, заменикот Тимчо Муцунски, дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски и државниот секретар Јахи Јахија. Според сметките, единствено екс министерката не трошела државни пари во кафеани.

Најскапи ресторански услуги користел Муцунски, во најголем дел направени во кафеаната „Рустикана“ во Скопје. Лосос во зелен сос од 650 денари, јунешки бифтек, јагнешко печење, морска риба, узо, лозова ракија, вино, пиво, виски и цигари се дел од работите кои тој најчесто ги нарачувал во ресторан.

На сметките не може да се види колку луѓе јаделе и пиеле за овие пари, а цехот се движел од 2 илјади денари, па сѐ до 13 илјади денари. Најчесто, овие сметки се правени во текот на работното време, но има и такви кои се правени по завршетокот на работата, односно сметката стигнувала на полноќ.

Од инфографикот што следува може да се види што било нарачувано во јуни минатата година во ресторанот „Рустикана“ во Скопје од страна на тогашниот заменик министер за информатичко општество и администрација. Само овој ручек на државна сметка чинел нешто помалку од половина просечна нето-плата во Македонија.

Целото истражување на БИРН на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e