Љупчо Николовски – носител на листата во ИЕ 3

Николовски, по потпишувањето на Пржино 1 и Пржино 2 беше еден од петмината функционери на СДСМ кој ја доби довербата да биде член на преодната влада, во ресорот земјоделство како дополнителен заменик министер.

Стана познат на јавноста со тоа што во целиот овој период, бескомпромисно се бореше за правата на земјоделците и преку докази, податоци и документи на јавноста и ја прикажа целата шема како се делеле субвенциите и во чии џебови завршувале.

12299141_126300341069665_4374087759736371043_n

Дознавме дека Орце Камчев, Ѕинго, Сеат Кочан и сите останати бизнисмени блиски до власта добивале милионски суми за субвенции, договарале тендери и склучувале договори со министерството.

На листата на лица кои дебело се офајдиле од ова министерство биле и градоначалници, пратеници и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Парите наместо кај вистинските земјоделци, завршувале кај луѓе блиски до власта.

ljupco_nikolovski_2

Во периодот откако е дополнителен заменик министер, заедно со неговиот тим има остварено преку 500 посети, голем број на прес конференции, гостувања во емисии и дебати.

10848826_1760609864160545_5947878529156199385_o

Николовски, богатото политичко надградување го започнува со присуството на светскиот младински фестивал на ЈУСИ во Барселона, 2004 година, па преку школата за млади политичари во организација на НДЦ – Норвешка и Пакс Кристи – Холандија во Охрид. Европската школа за млади политичари во организација на ИРИ, НДИ и УСАИД во Кишинев, Молдавија, 2006 година. Тренинг за партиципирање на младите во политиката во организација на Мисијата на ОБСЕ, ЈИЕ Тетово , 2006-та. Регионалниот семинар – Младите и жените во политиката во организација на Пактот за стабилност  во Софија. Тренинг за усовршување на вештините за односи со јавноста, во организација на ИРИ во Скопје, 2007-ма. Регионална школа: Млади лидери за европски Балкан. Центар за изградба на капацитети на Белградска отворена школа и ФЕС, Рабац Хрватска 2008г. Летен универзитет на Школата за политика при советот на Европа во Стразбур, 2010 година.

ljupco_nikolovski

Партиските другари за него велат дека е неуморен и храбар борец. Редок пример кој на политичкото скалило во самата партија се има искачено од почеток до таму каде што е сега, чекор по чекор со макотрпна работа и голема пожртвуваност.

Професионална кариера.

Во 2005-та преку програмата Интерншип – студентска пракса престојува во САД.  По дипломирањето на Правниот факултет во Скопје во 2007 работи како адвокатски приправник и правен советник во Адвокатската канцеларија  Марковска и Андревски, во 2009-та е дел од тимот  на  Analysis and Advisory Group како помлад консултант и е секретар на институтот на директори Скопје. Од 2011-2013 е адвокатски стручен соработник а од 2013-та е Адвокат.

Од 2013 година е член на највисокиот орган на СДСМ, Извршниот одбор при ЦО. А од 01.02 2014 е именуван за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ. Во моментот е дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e