Љубчо, Љубе и Стојанче ја формираа Коалицијата ВМРО за Македонија

Коалицијата ВМРО за Македонија создадена од ВМРО-Народна партија, Достоинство и Обединети за Македонија е, како што се промовираше, трета опција на македонската политичка сцена. Тројцата претседатели, Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Љубе Бошкоски, денеска потпишаа договор за коалицирање и ги повикаа сите слободноумни граѓани да им се придружат во борбата за соборување на сегашниот режим и за изграба на нова, демократска и економска и просперитетна Македонија,  пренесува порталот Плусинфо.

За шеф на Изборниот штаб на ВМРО за Македонија беше промовиран Ден Дончев кој потенцираше дека основни определби на коалицијата се демократизација на општеството, враќање на вледеењето на правото, економски напредок, влез во ЕУ, пораз на дискредитираното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на достоинството на старото автентично членство кое целосно беше згазено од ова раководство.

Според Љубчо Георгиевски, сега е време за нова борба преку која ќе се дојде до целта поставена во раните деведесетти години, а тоа е самостојна, но и демократизирана Македонија.

– Никогаш во Македонија не било посозреано времето за една трета опција. ВМРО е третата автохтона идеја и ги повикуваме сите разочарани луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, од центарот, но и од левицата, ако препознаат добра идеја каја нас, да ни се приклучат. Ги повикувам сите граѓани да препознат еден нов, автохтон субјект-  рече Георгиевски.

Бошкоски рече дека сегашното обединување на лидерите на трите партии е многу значајно и потребно на Македонија, затоа што и треба слобода и демократизација.

Teкстот во целост прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e