Лизгав тротоар усмрти кумановец, надлежните молчат

Молк по трагичната смрт на 74-годишниот Сефедин Ибрахими кој почина откако се лизнал на мраз на една од кумановските улици. Нема какво било соопштение – ниту од болницата, ниту од МВР. Од општината остануваат на ставот дека нема да коментираат се додека не заврши истрагата.

Роднините на починатиот велат дека Ибрахими починал откако се лизнал на улицата која не била исчистена од снегот. Алсат-М и денеска забележа дека улиците и тротоарите во центарот на градот во близина на основните училишта „Бајрам Шабани“ и „Наим Фрашери“ и натаму се неисчистени. Поради опасност, родителите ги придружуваат своите деца се до влезот на училиштето.

Извор: Алсат М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e