Вршителот на должност претседателот на ССМ бил физички нападнат и по физичкиот напад и прегледите во Градска болница е задржан на трауматологија., велат претставници на четирите синдикат кои беа исклучени од Сојузот на синдикатите на Македонија за Дојче Веле.
„Група рекетари предводена од разрешениот претседател на ССМ, Живко Митревски, утрово околу 4 и 30 часот насилно влезе во зградата на ССМ, притоа буткајќи ја и полицијата“, велат претставници на четирите синдикати кои ноќеска останаа во студениот хол на синдикалната зграда, со цел да спречат разрешениот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Живко Митревски, да ги исели од таму.
„В.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски беше физички нападнат и по физичкиот напад и прегледите во Градска болница е задржан на трауматологија“, велат тие.
Во четвртокот Министерството за труд и социјална политика (МТСП), соопшти дека го поништило решението со кое претседателот Живко Митревски е разрешен од функцијата, со што тој останува легитимен претседател на ССМ.
Претходно во четвртокот членови на гранските синдикати УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, кои избраа ново раководство на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), се собраа во холот на зградата на ССМ со цел да спречат од нив разрешениот претседател на ССМ Живко Митревски да ги исели од зградата.
Тие упатија апел до Централниот регистар да ги впише промените во раководството на ССМ што тие ги изгласале на 13-ти ноември лани, а кои се потврдени со решение од Министерството за труд и социјална политика.
Според последните изјави на Живко Митревски, на седница на Советот, 13 гранкови синдикати гласале за исклучување на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, заради, како што тврди, фалсификување документи, злоупотреба на службената должност, крешење на Статутот и неплаќање членарина редовно.