Новинарот Драган Павловиќ – Латас го загуби судскиот спор против новинарот Саше Ивановски – Политико.
Новинарот Ивановски на својот Фејсбук профил објави дека Латас го навредувал неговиот адвокат, Трајче Арсов, но на крајот го изгубил спорот. Ивановски и предходно тврдеше дека уредникот на ТВ Сител, го навредувал него и членовите на неговото семејство за време на рочиштата од овој случај.