Обраќање на Осмомартовскиот Марш Почитувани другарки. Голема е честа и денеска во пресрет на 8-ми март да зборувам од името на сите вас и повторно да се чуе гласот на жените – социјалдемократки! ЗА ЕДНАКВОСТ – ЗА ЖИВОТ! Денес овде во Гевгелија е цела Македонија. Од ова место, од овој плоштад ние жените гордо и недвосмислено го креваме гласот за нова страница во македонската историја. Изминавме долг и тежок пат последните 10 години соочени со: – сиромаштија, со неправда Но драги мои, ДЕНЕСКА СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН! Сите ние жени – членки и симпатизерки, поддржувачи на вистинските вредности, СЛОБОДА, ПРАВДА, ДЕМОКРАТИЈА, следејќи го патот на идниот премиер Зоран Заев покажавме и докажавме дека сме истрајни, силни, храбри, достоинствени и верни на овие вредности. Нашата цел е да живееме во праведно, хумано и демократско општество, еднакво за сите! Ние знаеме како! И во тешките денови зад нас, се изборивме: – за квота од 40% на помалку застапениот пол во сите органи и тела во партијата, но таа статутарна одредба беше внесена и во изборниот законик, со што направивме историски исчекор за сите жени во Република Македонија. – Борбата против семејното насилство и насилството врз жените продолжува…ќе ја ратификуваме Истанбулската Конвенција. – за зголемување на бројот на жени претприемачи Сите овие мерки ќе придонесат за економски стабилни и спокојни семејства, за нормален живот во Македонија. Македонија била и ќе биде вековна и европска! Таа е наша татковина – земја на сите граѓанки и граѓани кои живеат во неа! Почитувани пријателки, Дозволете ми да ви кажам едно големо БЛАГОДАРАМ за вашата истрајност, заедништво и упорност во сите овие години. Дозволете ми од ваше име да се заблагодарам на раководството на СДСМ и нашиот претседател Зоран Заев за храброста, одважноста и мудроста во чекорите, со кои сите заедно ги направивме промените за живот во Македонија. Тие промени се случија и не доведоа кон новата одговорна влада што ќе ја води СДСМ, а којашто ќе се грижи за сите граѓани на РМ независно од каква било различност вклучувајќи ја и родовата. Борбата за изградба на уништениот систем на функционирање во Македонија – продолжува! Не чека многу работа ! Свесни за тоа, како никогаш до сега, ние жените социјалдемократски ова го можеме, го знаеме и ќе го направиме! Македонија ќе биде место за живеење на слободни и еднакви граѓани! Најавувавме ново време! Ќе има еднаквост – ќе има живот! |