Поблиската и подалечна историја покажала дека секој режим при својот пад измислува внатрешни и надворешни непријатели кои преку своите мегафони кои му се под контрола ги прикажува пред јавноста како непријатели на државата и го плаши народот измислувајки секакви црни сценарија.
Веќе подолго време режимот во Македонија се служи со истите манипулации.
Во последниот текст на порталот Курир кој важи за поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и жесток критизер на СДСМ, со наслов:
“Платениците на СОРОС на исто место-Николовски, Фленкенштајн, Фајон”, од една објавена фотографија на Фејсбук профилот на пратеникот Љупчо Николовски на која се заедно Мила Царовска од СДСМ и европратениците Тања Фајон и Кнут Флекенштајн, провладиниот портал Курир заклучува дека според нив, замислете, сега било јасно дека СДСМ работеле против Македонија и биле платеници на СОРОС. Повторуваме, заклучокот порталот го вади од една најнормална фотографија.
За пратеникот Николовски немаат ниту еден аргумент со кој би го поврзале со за нив измислениот непријател СОРОС, ама затоа се обидуваат да ја манипулираат јавноста и читателите, лепејки секакви етикети без да се има еден единствен доказ за тоа што се пишува.
Потребата да се објавуваат вакви нарачани прилози со клеветнички наслови и измислени текстови не може на друг начин да се проанализира освен, горка потреба на ВМРО-ДПМНЕ, плукајки по секој кој се бори против осомниченото злосторничко здружение олицетворено во самиот врв на партијата, го прикажуваат како наводен непријател на државата.
Но, времето на ваквите лаги и манипулации заминува. Граѓаните веќе не веруваат на приказните за патриоти, предавници, платеници.
Народот очекува што поскоро да се формира Влада која ќе работи за интересите на секој еден граѓанин.