Кризата, платформите и Уставот

До изборите, цели две години зборувавме – да не кажам, со тормозевме – за криза. По изборите, нагло се префрливме на друга тема – на тема платформи, прво албанска, после македонска.

Во контекст на кризата, при изборниот процес, се обликуваа страна на интеретничката владејачка коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ и страна на опозициони, условно, македонски и албански партии. Најдоброто што го постигнавме на изборите, е изнудениот раскин на кризогената коалиција. Со тоа ја отстранивме локомотивата од композицијата на режимот и отворивме простор за ослободување на државата.

Груевски, најодговорниот за киднапирањето на државата, е дисквалификуван како мандатар. Со него е дисквалификувана и неговата партија како кандидат за составување на новата владејачка коалиција, бидејќи ниедна партија од опозицијата, и дел од ДУИ, не сака да игра со субјект кој се восприема како синоним за криминална власт.

На албанската платформа ѝ се противстави идеја за македонска платформа, која Груевски, осомничен за грамадни кривични дела, го воскреснува во спасител на татковината, а Заев, кој се бори за владеење на правото, го жигосува како предавник! Така се деформира постизборниот процес – парламентарната логика на државата се истиснува со логиката на режимот

Ахмети изборите го ставија на распетие. Како дел од режимот, тој е накажан со преполовен број мандати. Но изборната математика го спасува како неопходен играч за новото парламентарно мнозинство. Во него лично се бие судирот меѓу режимот и државата – судир што ја претставува суштината на кризата.

Таков е објективно изборниот расплет. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се релативизирани како етнички репрезенти. Во, условно, албанскиот блок ДУИ и трите опозициони партии заедно имаат по еднаков број мандати. Во, условно, македонскиот блок ВМРО-ДПМНЕ има два мандата повеќе , но опозиционите партии заедно имаат повеќе гласови. Гласачите за опозицијата (кај кои е логично да се претпостави поголема слободна волја) , гласаа против криминалната власт, која не е ни промакедонска, ни проалбанска, туку е и антимакедонска , и антиалбанска.

При таквата демократска разврска, која практично го обезглавува режимот и порачува итна демисија на лидерите на владејачките партии, за да се формира антикризно парламентарно мнозинство, се промовира албанска платформа – нешто кое не било ниту содржина на кризата, ниту било понудено на изборите како програма за решение на кризата. Така што таа го нема благословот на изборен резултат (како ни согласноста на ДПА) и ги обесправува Албанците кои гласале за СДСМ, во обем што оваа партија ја прави втора албанска партија (која според најновата анкета на Телма, при гласање утре, ја престигнале И ДУИ)! Зарем тие не се Албанци? Но тие му го ускратија правото на Ахмети да ги претставува, додека Беса и Алијансата на Албанците, со платформата, од Ахмети (нивниот поразен противник ) направија клучна фигура по изборите!

Целата колумна на Димитар Димитров објавена на Призма прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e