Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ќе решава по жалбата на Специјалното јавно обвинителство против одлуката на судијата на претходна постапка да не му биде одредена мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомниочен во случајот „Труст“, дознава „Мета“.
Од СЈО потврдуваат дека рочиштето е закажано за денеска во 11 часот. Аргументите на СЈО дека е неопходно да му се одреди мерка притвор на Кочан ќе ги застапуваат обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, додека на спротивната страна е адвокатот на бизнисменот, Никола Додевски.
Кривичниот суд по втор пат одлучува за притворот на Кочан, бидејќи претходните одлуки на судот и на Апелацискиот суд, со кои му беше одреден притвор на бизнисменот, беа укинати од Врховниот суд и предметот беше вратен на повторно одлучување.