СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н, надзорникот во затворот „Идризово“ кој набавувал хероин, го препакувал во својот дом и во помали количини го внесувал во затворот.
„СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против И.Н.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека во текот на октомври 2016 година неовластено набавил поголема количина наркотична дрога хероин, која ја препакувал во 27 полиетиленски паковки со намера да ја продава на уживатели во затворот, со што сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, соопштуваат од МВР.
Во извршениот разговор И.Н. пред полициските службеници не дал појаснување од кого ја купил наркотичната дрога-хероин, на кого ја продавал и по која цена.
Судија на претходна постапка на И.Н. му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.