Прес конференција,
Сашко Костов, претседател на ОО СДСМ Кочани
Кочани, 16.02.2017
Почитувани,
Единствениот отчет кој може да го даде градоначалникот Ратко Димитровски е отчетот на долгови и кредити со кои ја презадолжи општината во последните четири години.
Димитровски ќе остане запаметен единствено по промашените проекти и огромните долгови кои ќе ги плаќаат и генераците кои доаѓаат. Благодарение на катастрофалните политики на локалната власт, денес Кочани има кредити во висина од два милиони евра и долг за бесплатниот училишен превоз од уште два милиони евра.
Иако ја презадолжи општината, Димитровски не спроведе ниту еден капитален проект од неговата програма. Во градот речиси и да нема улица што не е раскопана. Нема ниту искористување на гоетермалната енергија а не е изграден ниту затворениот градски базен со кој Димитровски толку многу се фалеше. Овие, како и многу други проекти останаа само на хартија, во предизборната програма на сегашниот градоначалник.
Во меѓувреме младите масовно го напуштаат Кочани, земјоделците се разочарани и изневерени, а единствени кои живеат добро се Димитровски и неговите соработници.
Затоа, на Кочани му е потребна нова одговорна локална власт. По неодманешните промени на парламентарните зибори, промени доаѓаат и на локално ниво. Кочани ќе добие нова чесна и одговорна власта која наместо за личните и партиските интереси, ќе се грижи единствено за интересите на граѓаните.