“Контра акција”- Зврлевски започнал истрага за донаторите на СДСМ

Телевизија Телма објави дека Јавното обвинтелство започнало постапка и ги истражуваа донациите на СДСМ на последните избори. Оваа информација ја потврдиле високи партиски фунцкионери на СДСМ.

Биле проверувани транспортери, печатници и донатори на партијата, а првите истражни чекори обвинителството ги направило на почетокот на февруари.

Телма контактирала претставници на Обвинителството за организиран криминал и корупција, но оттаму не добиле никакви информации за постапката.

Не е познато дали обвинителство ја започнало постапката по пријава или по допрен глас. Биле проверувани дури и електронските уплати на некои од донаторите, а досега не бил повикан на распит никој од високите функционери на СДСМ.

Оваа истрага доаѓа по истрагата на СЈО за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, која е отпочната по преслушување на нелегално снимените разговори кои не беа објавени како бомби, а на кои според извори на Телма, се слушало договарање како да се организира уплата на донации за партиската сметка во 2014.

Во изминатата година за време на објавувањето на бомбите се слушаше како функционери на ВМРО – ДПМНЕ нарачуваа истраги и судски одлуки? па според тоа можеби и оваа акција на јавното обвнителство е резултат токму на некоја нарачка како контра удар на истрагата на Специјалното јавно обвинителство.

Доколку истрагата е по допрен глас, може само да шпекулираме чиј е бил гласот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e