Не го коментира бегството на Груевски, а за Силјановска вели дека има позитивно мислење. Во моментов не е политички активен, иако на хартија стои дека е советник во најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Ивица Коневски, бившиот градоначалник на Аеродром за 24 инфо вели дека на народот му е преку глава од негативните кампањи, од клевети и постојани обвинувања. Не знае дали во неговата партија има фракции, но она што го знае е дека има многу искусни луѓе кои во моментов не се согласуваат со политиките на Мицкоски и се тргнати на страна.
На прагот сме на уште едни претседателски избори. Како член на најголемата опозициска партија како ја оценувате Силјановска како кандидат?
Професорката Гордана Силјановска – Давкова сметам дека е квалитетен кандидат и за неа имам позитивно мислење.
Што очекувате за претседателските избори, можеше ли ВМРО-ДПМНЕ да оди со друг кандидат?
Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ има квалитетни кадри кои можеа да бидат кандидати за претседателските избори, но тоа е веќе завршена тема. Сега е потребно да се обединиме околу изборот на проф. Силјановска за остварување што е можно подобар резултат на претстојните претседателски избори.
Може ли да направите паралела околу вашиот кандидат и Стево Пендаровски?
Силјановска беше моја професорка на Правниот факултет и знам дека станува збор за неприкосновен професионалец. Јас лично мислам дека таа е многу поквалитетен кандидат од нејзиниот ривал Стево Пендаровски. Но, за жал, коалиционите можности на мојата партија во моментов, според мене, се ограничени и тоа е голем хендикеп за Силјановска, што е многу веројатно да се одрази и на конечниот резултат.
Мислите ли дека на народот му е доста од партиските препукувања и избори?
…
Целото интервју со Коневски прочитајте го на 24инфо.
