Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе вработува пет административни службеници преку оглас објавен од Агенцијата за администрација во петокот.
Најголемата плата што се нуди е 62.000 денари за координатор на организациона единица за општи и нормативни работи, а по 54.000 денари ќе заработуваат раководител на одделение за финансиски прашања и самостоен советник за давање на дозволи и одобренија
Најмалата плата е 32.000 денари. Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Административната селекција потоа ќе трае 15 дена и ќе следат испитите и интервјуата.
