Истата храбра судијка дозволила и претрес во предметот „Тврдина“ во станот на Коста Крпач, по што се соочила со суптилни притисоци, дознава НОВАТВ. А сега, Весна Димшовска ја отвори вратата во институцијата на добро чувани тајни на оваа власт, местото каде што туѓа нога не стапнала повеќе од една деценија.
По претресот во станот на Крпач, извори за НОВА велат дека судијката била распределена од судија во организиран криминал во судија во обичен криминал.
Според пишувањата на порталот „Сведок“ на долгогодишниот новинар во судството Саше Димевски, Димишкова е судија од декември 2004. Го судела предметот со кокаинот откриен во канти со поликолор за кој беше обвинета Станислава Чочороска Полетан и предметот против Панде Лазаров, екс директор на ЕСМ, за поткуп од кинеска компанија за изградбата на „Козјак“.