Кој ја дотепува Македонија / прост есап

Самите ние внатре! Самите и копаме гроб на истата светост на која се колнеме! Како? Лесно. Толку лесно што ни најголемите експерти кога би измислите механизам за терање на една држава у пропаст, не би им текнало дека механизмот е лесен и едноставен како ‘’два и два се четри’’. 

На Мaкедонија не и се потребни душмани, зашто би и требале кога сами сме душмани. Кој кому? Секој секому, а сите заедно свесно или подсвесно на државата. Монти Пајтон е Македонец! Што би се рекло чаирски ‘’ еве глава ако не е така’’.

agim-jonuz-slika

Да одиме по ред. Во една држава, не повеќе од 1 до 5 проценти од граѓаните по вокација и квалитет се тие што креираат, одлучуваат и водат.  Од 5 до 15 проценти се ‘’оперативци’’, во смисла тие што на терен се способни квалитетно да  ја бијат битката и раководат со апаратот. Останатите 80 проценти се граѓани кои не се вклучени во политиката на директен начин, се маса и гласачко тело. Просто речено – раја.

Од првите 5 проценти 90 посто се отидени од државата ( да не речам избркани) . Од вторите 15 проценти исто така 90 посто се веќе инсталирани некаде надвор во неможност да се пронајдат во Македонија. Што вели математиката и тоа онаа најпростата? Вели дека останале 2% од првите и вторите, а 80% мафта со бајраци, со запенети националромантистички усти полни со пцости, со фаци низ чии очи блеска не светло, туку полумракот  на омразата. Разликата во тие светлости е во то ашто едната осветлува, а другата труе душа бетер од осиромашен Ураниум. Тогаш, тие 2% си викаат ‘’ сиканасана’’ дај шта даш, не побегнавме на време, ајде ке си играме со овие 80% курташак, пошто ништо друго и не заслужуваат. Автоканибалистички народ не заслужува ништо подобро од курташак. Се изинувам за дефиницијата ама предложете подобра. Хипокризијата во оваа држава е доведена до ниво на перфекција, исто како кога би прашал некој ‘’ а, зошто камиказите носат кациги‘‘?  Р. Македонија на начин каков што се претставува со вокабуларот на овие избори амбиентално, Македонија  додава уште една досетка која фигуративно парафразира една трагедија. Тоа е фразата ‘’ а зошто за еутаназија се користи стерилна игла’’?!?  Монти Пајтон би рекол, да не се инфицира. Па и тој има право здрав да умре де.

Ако некој смета дека оваа проста математика не држи, нека се јави!

Лудило! Ако знаеш дека имаш маса која можеш да ја запалиш со два поклика дека историјата бара нови жртви и комити, ај што си ти луд, него народот некој мора најхитно да го хоспитализира исто. И обратно. Да не бидат само комити, оти токму оваа колумна ја чита покрај оние 2% останати и оние 80%. Ајде да направиме една компаративна анализа и тоа асо елементарни артефакти кои ја одсликуваат суштината. Не може никој на опозицијата да и забелеши дека игра деструктивно на картата на интеретникумот. Тука и е во суштина и најголемата трагедија ( не ја критикувам, напротив). Народот навикнал да биде во стаклениот сад на информации и чувство дека некој ја напаѓа цело време Македонија и дека Баба Рога има шиптарско име под дифолт.

Дај му го на народот она што сака да го чуе. ВМРО не знам дали покрај она што го декларира како прогрес за МАкедонија ( демек парите се по земја, само наведни се народе и земи ги), воопшто го контролира она миље кое најултранационалистички сеуште живее само под една синтагма. А таа се вика ‘’ има уште два три дела, па да биде цела’’!  А бе, никој не го оспорува тоа бе глупаци. Ама, свесни ли сте бре пизда ви материна дека после овие избори назад – нема! Ако некој мисли дека само поголем хаос од ова може да ја спречи Македонија да биде ‘’ заматена’’ и да не прашува каде се парите и лоповите, не е свесен дека отвара не Пандорина Кутија, туку вратите од пеколот директно.  А, најтрагично е тоа што ни една комбинација не гарантира мирна разврска па таман и да бидат изборите  ‘’најфранцуски’’.

Како и зошто? Опцијата да победи ВМРО ( па уште озгора и 63 пратеника) веќе никогаш нема да ја врати шарената револуција на улица. Знаете зошто? Ја потрошија фарбата, свирчињата и вувузелите.  Ке врати некоја нова, ама не толку пристојна. Само будала може да верува дека нема да има немири од несогледиви последици. Овој пат ке се радикализира до ниво на лудило. Катарзата од евентуалната победа ке ги засили три пати повеќе ВМРО-вците да одат до крај со се што имаат у глава. Тешко на тие што им се замериле.

Не апсења, не тортури, не реванши, а бе има да биде општа калакурница. Истовремено комплетниот капацитет на онаа интелектуаална маса која се бори да го раскринка бродот што има многу дупки на дното и што очигледно тоне, ке мора и ќе најде нова формула која воопшто не гарантира мир, средување и прогрес. Па кај пукло ‘’нек пукне’’. Нема назад, со оглед на податокот дека и врапците на гранка знаат дека ако остане ‘’ ко што је било’’ тогаш сите ние ‘’ најебали смо као жути’’!

Целиот текст прочитајте го тука

Агим Јонуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e