На интернет не може да се најдат многу информации околу сопственикот на компанијата Garo Reisen или Гаро Раизен кој наводно му помага на Сеад Кочан во бегството. Кочан веќе дваесетина дена е во бегство и се бара со меѓународна потерница.
Компанијата Гаро Раизен, за која што пишува порталот а1он дека го крие сопственикот на ,,Трансмет“, се занимава со туристичка и превозна дејност, а има своја туристичка агенција која нуди разни аранжмани низ светот, но сепак основна дејност се чини е патничкиот превоз. Поседува модерни патнички автобуси кои сообраќаат низ цела Србија, потоа Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и во Германија.Седиштето на компанијата се наоѓа на улицата ,,Стефан Немања“ во Нови Пазар, но има и свои претставништва во Белград , Нови Сад и други градови низ Србија.
Доколку е точно дека лице со овие генералии го крие Сеад Кочан, тогаш сите насоки и податоци кои може да се најдат и да се споредат водат до компанијата ,,Гаро Раисен„ и семејството Јашаревиќ од Нови Пазар. Секако ова е неофицијално и непотврдено, бидејќи засега е невозможно да се воспостви контакт со наведеното лице.