Кога “независниот” аналитичар ќе си признае дека си го сака Никола

,,Верувам дека во главата на секој Македонец во моментов постојат голем број на прашања и дилеми како понатаму во оваа тешка борба и ситуација во која се наоѓа Македонија. Единствената дилема која за мене не постои е дека и понатаму единствен лидер позади кој ќе чекорам во понатамошната борба за Македонија е Никола Груевски“.

Ова на својот ФБ профил го напиша Александар Пандов кој изминатите години ревносно ја бранеше политиката на Никола Груевски преку неговите ,,анализи“ на сите медиуми.

Сега, кога се погласно се бара и во редовите на ВМРО ДПМНЕ, но и во јавноста,  оставка од Груевски, Пандов влегува во нова пропагандна кампања за спас на долгогодишниот лидер на оваа партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e