Кога Груевски ќе се појави на рочиште ќе се дознае кој прислушкувал

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, одговарајќи на пратеничките прашања, рече дека за да се дознае кој прислушувал, треба да се реши случајот „Пуч“.

-Одговорот кој и на кој начин прислушувал сите знаат дека е во случајот „Пуч“. Ако ме слуша Основниот суд Скопје 1, кој го одложи судењето за случајот „Пуч“ дури за месец ипол, зашто поротник се разболел, нека го презакаже за 1-ви октомври. Спремна сум да дадам воведно излагање, рече Јанева.

Таа додаде дека се надева дека на следното рочиште ќе дојде и единствениот нејзин сведок, поранешниот премиер Никола Груевски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e