Утрово на Клиниката за кардиологија врз Сеад Кочан била извшена хируршка интервенција-потрвдуваат за ТВ 24 извори од Клиниката.
Според нив, интервенцијата ја извршил кардиохирургот Сашко Кедев. Бизнисменот Кочан бил постоперативно згрижен на интензивна нега, а не се откриваат дополнителни детали за неговата здравствена состојба.
Кочан кој полицијата до пред неколку дена го бараше со потерница, пред два дена бил примен како итен случај во Клиничкиот центар Мајка Тереза и дошол само во придружба на сопругата.