Сите мерни станици на Министерството за животна средина во Скопје вчера покажуваа зголемено присуство на канцерогените честички ПМ10 и ПМ2,5. Загадувањето на амбиенталниот воздух е најголемо во вечерните часови.
Прексиноќа во 21 часот мерната станица во Лисиче покажа 600 микрограми честички на еден кубен метар, што е 12 пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Во 23 часот, пак, во Гази Баба и во Карпош беа измерени 350 микрограми честички на еден кубен метар. Град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски, пак, вчера меѓу другите препораки даде и апел да не се проветрува дома оти воздухот е загаден.

Единствената конкретна мерка за намалување на загадувањето од лани се субвенциите за 196 скопјани кои купија печки на пелети. За споредба, Град Скопје за субвенции за печки на пелети одвои 5.890.000 денари, а речиси исто толку пари, 5.245.000 денари потроши за осветлување на патеката за џогинг покрај Вардар со барокни канделабри )
„Реално, една година помина, а загадувањето на воздухот во Скопје е на исто алармантно ниво. Воздухот е нездрав и опасен. Возилата се постари за една година, а бројот на луѓе и дрва е намален. За оваа една година, единствен јавен проглас и активност на тема аерозагадување се повторените препораки до граѓаните (во 2015 од Министерство за животна средина), а вчера од Град Скопје“, вели Марија Ѓорчева, инженер за животна средина, која лани направи анализа на утврденото загадување на воздухот во последните 12 години споредено со активностите што се преземени кои влијаат на квалитетот на воздухот, што доби голем одек во јавноста. Анализата покажа дека загадувањето на воздухот е документирано, исто како што се документирани и мерките кои што треба да го спречат, но преземените мерки од власта, и градската и државната се сосема спротивни – место спречување водат кон зголемување на загадувањето.
Целиот текст прочитајте го тука