Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, го повикува Јавниот обвинител на Република Македонија, по „чуен глас“, за кршење на Изборниот законик, да презема законски мерки за документирање на тие случаи и отвори предистражни постапки. Тој е државен орган, кој по службена должност, ги открива и гони сторителите на кривични дела.
Ова во понеделник го изјави Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, при тоа додавајќи дека на Јавниот обвинител, му се на располагање сите државни институции, вклучително и Министерството за внатрешни работи.
„Пасивниот однос, значи солидарност со владејачките партии, посебно со ВМРО-ДПМНЕ и нивните активисти, кои деновиве како разулавена банда, ги тероризираат и притискаат граѓаните и фирмите да учествуваат на митинзи и да гласат за нив“, рече Трајанов.
