Коалицијата ВМРО за Македонија на ВМРО Народна партија, Обединети за Македонија и Достоинство, во сабота вечер, одржа конвенција во Македонската опера и балет каде ги претстави кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори.
Носител на првата изборна единица ќе биде Ден Дончев, двојката ќе ја предводи Љупчо Балковски, а во третата Изборна единица носител ќе биде лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.
Во четвртоката носител е лидерот на ВМРОНП, Љубчо Георгиевски, во петката лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во шестата изборна единица Зоран Велковски, а седмата Стојадин Наумовски.
„Да ги заштитиме интересите на автентичното членство на ВМРО кое сме го граделе со демократија, чесност и патриотизам, да ја вратиме правдата за сите граѓани, да ги ослободиме судовите и институциите, да го вратиме владеењето на правото“, рече Дончев во обраќањето на конвенцијата.