На заедничка прес конференција на генералните секретари на СДСМ и на БЕСА, Љупчо Николовски и Аријанит Хоџа, одржана на македонски и на албански јазик, беше презентиран ставот дека заедно ќе обезбедат легитимитет на изборите не само од Македонците, туку и од Албанците.
-Повод за средбата е операционализација на коалициската соработка согласно потпишаниот договор, а во фокус на програмската понуда за претстојните парламентарни избори. Првата предзборна коалиција меѓу македонска и албанска партија е логично продолжување за напуштање на концептот на поделби и за создавање цврсти темели на платформата на СДСМ за „Едно општество на сите“, рече Николовски.
Николовски рече дека победничката коалиција ќе освои најмногу мандати и во шестата изборна единица, која вообичаено е показател на легитимитетот за претставување на Албанците.
Според Николовски, шестата изборна единица ќе биде мерило за довербата на гласачите Албанци.
-Победничката коалиција претендира да освои најмногу мандати во шестата изборна единица, која е мерило за довербата од гласачите Албанци.Оваа коалиција ќе забележи убедлива победа на 12 април, со што реформите, напредокот и интеграцијата засилено ќе продолжат. Граѓаните ги препознаваат овие политики што носат интеграција и во НАТО и во ЕУ и што носат повеќе инвестиции, плати, отвораат нови работни места, што го отвараат пазарот во НАТО, фондови од 2 милијарди евра. Затоа на 12 април ќе победат граѓаните, коалицијата на СДСМ и Беса, концептот „Едно општество за сите“, потенцираше тој.
-Задоволни сме од соработката во коалицијата. И во програмска и во кадровска смисла оваа коалиција пред граѓаните излегува со понуда која е во интерес на сите граѓани. Затоа ја користам оваа прилика да ги повикам сите, особено Албанците да ја поддржат нашата мултиетничка коалиција. Нивниот глас ќе има двојна вредност на 12 април. Во оваа коалиција нема големи и мали, рамноправни партнери кои си ги уважуваат разликите, рече Хоџа.
-Албанците знаат дека оваа владина коалиција ќе ја спорведе програмата. Нема ловење во матно, се е чисто однапред поставено и на вицелина. Никогаш порано Албанците не биле подобро заштитени. Поставуваме нови стандарди во политичкиот плурализам. Затоа оваа коалиција е најголема и победничка, затоа на 12 април ќе потврдиме дека сме на вистинскиот пат, вели Хоџа.