Ќе се зголеми бројот на суспендирани полицајци

Списокот на суспендирани полицијаци за настаните на 27 април ќе се зголеми, неофицијално дознава Алсат М. Досега со истрагата на внатрешната контрола суспендирани се 24 полицајци, а против 31 поведена е дисциплинска мерка. Меѓу нив се агенти на тајната полиција, припадници на единицата за брзо распоредување и полицајци на високи позиции. Заега нема суспендиран полицаец кој бил дел од оперативниот штаб кој под водство на директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, дозволи насилници да тепаат пратеници.

Од МВР појаснуваат дека процесот на утврдување на одговорност кај поединци во полицијата за насилното влегување во Собранието не е завршен. Истрагата тече и се утврдува улогата на сите полицијаци кои на „крвавиот“ 27 април беа во Собранието и пасивно набљудуваа како насилници влегуваат во законодавниот дом. Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски се уште не го добил извештајот од работната група која истражуваше дали опертивнот штаб во МВР прекршил процедури на 27 април.

Истрагата треба да даде и одговор зошто „Тетра“ системот за снимање на наредбите во МВР не работел уште од 2014 година, а кој се реалзираше со 5 милиони евра од ЕУ. За инцидентите на 27 април, главната улога во откивање на тоа кој го организирал насилниот упад во Собранието, сега ќе го има обвинителството за организиран криминал. Редовното обвинителство препознало координирано делување.

Со вакви елементи, седумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги викаат на распит во организиран криминал, откако полицијата утврди дека Крсто Мукоски и Сашо Василевски ги отвараат вратите на Парламентот, а останатите пратеници ги насочуваат демонстрантите како најбрзо да стигнат до прес салата. Денеска реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавното обвинителство да не потклекнува на притисоците и да се држи до законот и професионалното и непристрасно постапување. Обвинителството не смее да се претвори во одделение на СДС за водење на политички хајки. Власта не е еднаш за секогаш дадена и за секое пречекорување на овластувањата и законите ќе има одговорност“, рече Невенка Стаменковска о ВМРО-ДПМНЕ.

Досега за „крвавиот четврток“ има само девет условни казни. Две лица се осмничлени за „убиство во обид“ за бруталното претепување на пратеникот Зијадин Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e