Ќе плаќаат ли хонорарците ддв?

Државата воведува нов удар за граѓаните кои имааат дополнителна заработка, а чиј износ годишно надминува 16.200 евра.Тие ќе станат даночни обврзници и ќе треба да плаќаат ДДВ. При тоа, ова ќе важи и за граѓани кои имааат авторски хонорари и членство во надзорни одбори, а не само оние кои заработуваат од кирии.

„Како регистрирани даночни обврзници за целите на ДДВ за извршениот промет на добра и услуги имаат обврска да издаваат фактура со пресметан ДДВ и да го пријавуваат и плаќаат данокот на додадена вредност. Но истовремено ќе имаат право на одбивка на предходен данок со исполнување на условите согласно членовите 33,34 и 35 од ЗДДВ.“ – велат од Управата за јавни приходи.

Експертите посочуваат дека станува збор за нелогичено толкување на законот.

„Имаме одговори од видот на тоа дека обврзници би биле и оние што примаат надоместоци за членство во надзорни одбори, дека и тие треба да се регистрираат доколку надминат 1 милион денари, а има такви случаи дека треба да се регистрираат во системот на ДДВ. Јас лично не препознавам никаква форма на вршење на стопанска дејност и отпаѓа можноста да се користи таа дефиниција.“ – изјави Павле Гацов, претседател на Здружение на даночни експерти.

Дополнително, Гацов ја отвора и дилемата зошто досега, кога на сила беше законското решение да се оданочуваат граѓани кои имаат зарбаотка поголема од 33 илјади евра – не се толкувал законот како што сега се толкува кога се намали износот.

Од Управата за јавни приходи велат:

„Пред две годни владата имаше обид дополнително да ги оптовари хонорарците со давачки, но по протестите под притисок на јавноста власат се повлече. Сега со новото толкување на законот, повторно на удар се оние кои имаат дополнителна заработака, но овде се воведува лимит и се однесува за оние кои имаат над 16.200 евра. Во авторските агенции кои ги контактираше Телевизија 24 велат дека засега не се инфирмирани за новото толкување на законот. Запознаени се дека се оданочуваа само оние грагани кои имаат примања поголеми од 16.200 евра годишно, но по основ на закупнина.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e