Прес конференција, 25.10.2016
М-р Александар Кирацовски
Почитувани граѓани и претставници на медиумите,
Слободните, фер и регуларни избори се наш заеднички императив!
Сите заедно мора да направиме се’ предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември да го отсликаат реалното расположение на граѓаните.
Мојата заложба за оваа цел не е само декларативна, туку и реална. Од денес, заедно со мојот тим на терен ја продолжуваме мисијата за мотивирање на вработените во Јавниот сектор, да ги пријавуваат сите неправилности и нерегуларности, закани и уцени, под слоганот „ПРИЈАВИ ПРИТИСОК ЗА ФЕР ИЗБОРИ“!
Целта е охрабрување на вработените да не подлегнуваат под никакви закани, уцени и притисоци. Има кој да се заложи за нив, има кој да ги заштити.Истовремено целта е и да се обесхрабрат сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ да вршат притисок врз вработените.
Oд денеска ќе почнамсо посети на институциите за кои постојат претставки испратени до веб-страната што ја отворивме за пријавување притисоци.
Kе им порачам на шефовите и раководителите поставени како кадри на ВМРО-ДПМНЕ, кои Груевски и фамилијата ќе се обидат да ги користат за нивни лични цели, да внимаваат и да не дозволат да станат инструмент во рацете на криминалната власт!
Законот е јасен и казните за вакво дело се строги.
Секој кој ќе се дрзне да врши притисок и заплашување на гласачите ќе одговара со казна затвор од најмалку три години, а доколку тоа го направи службено лице прети казна затвор од најмалку пет години.
Во сите институции, ќе биде доставен допис во кој се опфаќаат условите за фер и регуларни избори во овој домен;
на секојa институција ќе биде поставен постер со оваа содржина, а до секој вработен во Јавниот сектор ќе биде доставен овој леток.
Не дозволувам злоупотреби на администрацијата!
Ајде заедно да го санкционираме секој кој не и мисли добро на нашата држава. Секој кој злоупотребува, се заканува и уценува за лични и политички цели.
На 11 декември, Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори.
Кабинет на Дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација
м-р Александар Кирацовски