Кирацовски: Поднесов пријава во СВР Битола за притисоци и злоупотреби врз вработените во РЕК Битола

Прес конференција, 05.12.2016
Александар Кирацовски

“Како што се наближува изборниот ден, власта пропорционално го зголемува својот притисок врз администрацијата, но и ние, ја зголемуваме контролата врз партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ вградени во институциите кои безобразно ги злоупотребуваат за партиски цели.
Фатени се на дело скоро во секоја институција и ќе носат соодветна одговорност.

Го добив извештајот од Трудовата инспекција, за кадровските злоупотреби во РЕК Битола на 21 ноември оваа година, кога на голем дел од вработените им било наложено, наместо на работа принудно да одат на партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа во Охрид.

439 вработени од РЕК Битола, наместо на работа, принудно биле на митинг на ВМРО ДПМНЕ, односно пополниле – околу 10 автобуси.

За 361 од вработените, партиските шефови од ВМРО ДПМНЕ, отпосле се труделе да им вадат боледувања, да им потпишуваат слободни денови и одмор, но безуспешно.
На неколку пунктови со стотици вработени воопшто не се водела евиденција, што остава сомнеж дека бројот на принудно отсутни е двојно поголем.

Во пополнувањето на автобусите за митингот на владејачката партија, учествувала и Агенцијата за привремени вработувања ЗЕТА од која неоправдано отсуствувале ½ од вкупно 138 вработени.

Ветувам дека ништо нема да оставам на случајност. Денес до СВР Битола, лично до началникот поднесувам Пријава за истрага во РЕК Битола, заедно со извештајот од Трудовата инспекција, за конечно да се потврди кој ги принудувал вработените, недолжни, наместо на работа да бидат на партиски митинг.

Почитувани вработени, бидете спокојни и не стравувајте! Оваа голгота за брзо завршува, а ние сме тука да ве заштитиме.

А вие, кои сте партиски поставени шефови, не дозволувајте да бидете инструмент во рацете на криминалната власт, затоа што на крај вие ќе ја носите одговорноста која е мошне сериозна.

Согласно пријавите до мојата веб страна – Најавувам мои посети и посети од членови од мојот кабинет како и соодветни пријави за злоупотреби до надлежните, за следните институции:

Агенција за иселеништво на Македонија, Дирекција за заштита на лични податоци, Институт за стандардизација на РМ, Дом за доенчиња Битола, Општа Болница Велес, Центар за јавно здравје Прилеп, Шумска полиција, Македонски Железници, ЈСП Скопје како и за повеќе Основни и средниучилишта!

Слободните, фер и регуларни избори се наш заеднички императив!

Ќе направиме се’ предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември да го отсликаат реалното расположение на граѓаните”, изјави Кирацовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e