Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски на денешната прес конференција соопшти дека во Собранието има обезбедено мнозинство од 80 пратеници за усвојување на уставните измени согласно договорот од Преспа.
Имам информации дека минимум 80 пратеници, впрочем и нешто над 80 пратеници, се уверија дека иднината на РМ е единствено во НАТО и ЕУ, а тоа е условено со Преспанскиот договор и уставните измени, што треба да се случат најдоцна до петок неделава, рече Кирацоски.
