Кирацовски: Ги известувам институциите, доаѓам на проверка, притисоци врз вработени се недозволиви!

Прес конференција, 03.11.2016
М-р Александар Кирацовски

Почитувани граѓани, почитувани вработени во администрацијата и претставници на медиумите,
Сакам да ве известам дека одлучно продолжувам да ја спроведувам акцијата за ваша заштита во овој предизборен период.

Од денеска ќе испраќам само најава за посета на институциите. Поради краткиот период до изборите, нема повеќе да праќам барања за средби.

Ги посетуваме институциите со најголем број н авработени и оние за кои што имаме информации за одредени нерегуларности и неправилности поврзани со организацијата на изборите.

Имаме средби и со раководителите и со вработените во институциите.

Нашата цел е нула закани и притисоци врз администрацијата.

Сакам да порачам јавно на раководителите. Да не помислат политички да влијаат врз администрацијата.

Вас вработените, ве охрабрувам, да не дозволите какви било закани, уцени и притисоци.

Немојте да бидете инструмент во рацете на криминалната власт, којашто ќе одговара за сите направени злоупотреби. Пријавете ако имате каков било проблем. Веднаш ќе преземам мерки. Законот ве штити.

Законот е јасен и казнитесестроги за оние кои на каков било начин се ставиле во функција на партија, а не на интересите на граѓаните.

Доколку и врз нив, од нивна партија се врши притисок за партиско-политички цели и тоа веднаш да го пријават до нас – тука сме да ги заштитиме и нивните права.

Во 1.288 институции, поштенски ќе бидат испратени писмa со соодветен допис, летоци и постер со соодветна содржина поврзана со правата и обврските на вработените во администрацијата.
Слободни, фер и регуларни избори се приоритет број еден за Република Македонија и само такви избори ќе има во Македонија.

Кабинет на
Дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација
м-р АлександарКирацовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e